Сашо Тасевски се прости од Билјана Беличанец

Од:

Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски, преку анегдота за Билјана Беличанец Алексиќ што ја сподели на фејсбук, се прости од актерката.

„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам, рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода го санира Домот за култура “Билјана Беличанец”

Ќе се санира Домот на културата „Билјана Беличанец” во Кисела Вода

(ВИДЕО) Конеска на комеморацијата за Беличанец: Ѕвони твојот глас, во секоја улога, во театар, телевизија, радио

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дац за Беличанец: Аурата на драмскиот театар се збогати со уште еден дух кој ќе биде тука со нас

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лилиќ за Билјана Беличанец: Прв те дочекав на оваа сцена и прв те испратив од оваа сцена

Ана Ололовска

Ден на жалост во Општина Кисела Вода поради смртта на Беличанец

Ана Ололовска