Телото на починатата актерка Билјана Беличанец е предадено на обдукција, потврдија од Скопското јавно обвинителство за „А1он“. Oд таму велат дека синоќа бил извршен увид oд дежурен јавен обвинител, увидни екипи на МВР и двајца обдуценти.
Донесена е наредба за истрага и телото е предадено на обдукција.
Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годин.
Нејзини последни претстави се „Генетика на кучињата“ и „Последните Македонци“ во Драмскиот театар.
Васко Маглешов