Давутоглу: Ниту една сила не може да ја отргне Турција од Европа

Од:

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу изјави дека ниту една сила не може да ја отргне Турција од Европа.

Тој зборувајќи за напорите на земјата за да стане членка на Европската унија посочи дека Турција и Европа имаат културно-демографски и економски односи, како и историско минато.

– Со присуството на Балканот, како и во Германија, во Франција и општо во цела Западна Европа, ниту една сила не може да не отргне од Европа, посочи Давутоглу на вчерашната средба во Истанбул организирана од Здружението на независни индустријалци и бизнисмени во Турција.

Турција ги почна преговорите за членство во Унијата во 2005 година, но од вкупно 35 поглавија досега има затворено само едно поглавије. Неколку поглавија се блокирани од низа причини од различни земји-членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски