Груби- Дуцинас: Заслужуваме датум во јуни

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, имаше средба со Костас Дуцинас, професор по право и филозофија и Директор на Биркбек институтот за хуманизам на Лондонскиот Универзитет.

Груби, изрази задоволство од посетата на уважениот гостин, кој е истакнат просветен научник, и издавач на повеќе научни труда од областа на правото, но и пратеник во Грчкото собрание од редовите на СИРИЗА. Притоа, информира за позитивните процеси во нашата земја по усвојувањето на уставните измени, со што се реализираа и одредбите од Преспанскиот договор. За актуелните случувања во земјата посочи дека се во рамките на милјето на претстојните претседателски избори во април, и дека државата одлучно чекори кон членство во ЕУ и НАТО, зад кое несомнено стојат сите политички партии.

Поради тоа, истакна Груби, за нас е особено важно, соседна Грција да не поддржи, во пресрет на Букурешкиот самит во јуни, на кој очекуваме датум за почеток на преговори.

Дуцинас, ја повтори грчката поддршка за нашите евроинтргративни процеси, со укажување, дека покрај политичките критериуми државата мора да испорача видливи резултати на полето на владеењеето на правото, како и во разузнавачкиот сектор, слободата на медиумите и реформата во јавната администрација.

Дуцинас, порача дека реформите во оваа област мора да се реализираат што поскоро, и покрај тоа што има голем отпор од страна на носителите на функции во правосудниот сектор, со што се отежнува овој процес на реформи.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати