Жител на Јурумлери осомничен за кражба на 150.000 денари од црква

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 36-годишно лице од Јурумлери, кое е осомничено за кражба на 150 илјади денари од црква.

– Осомничениот, ноќта меѓу 22 и 23 март годинава, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Потоа со погоден предмет делувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. По ова, тој се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари. Веднаш по кражбата, осомниченото лице го напуштило местото на настанот, велат од обвинителството.

Имајќи го предвид фактот, како што се посочува во соопштението од ЈО, дека се работи за сторител кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби