Гувернерката на Народната банка на конференција и форум на Виенската иницијатива

Од:

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска и утре ќе учествува на два настана организирани од Виенската иницијатива каде од неодамна е избрана за член на Надзорниот одбор, како претставник на шесте земји од ЈИЕ што не се членки на ЕУ.

Како што информираат таа ќе учествува на конференцијата по повод десетгодишниот јубилеј од формирањето на Виенската иницијатива, при што ќе биде и излагач на панел-дискусијата посветена на предизвиците за прекуграничното банкарство. Ќе учествува и на традиционалниот форум на Иницијативата, во чии рамки ќе говори и за развојот на банкарскиот сектор на Западен Балкан, во контекст на економските состојби во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ).

Виенската иницијатива 2 се гради врз успехот на Виенската иницијатива 1, што беше формирана по настанувањето на глобалната финансиска и економска криза од 2008 година. Таа претставува платформа за приватниот и јавниот сектор, што ги обединува клучните меѓународни финансиски институции, Европската комисија и релевантните институции на ЕУ, глобалните и регионалните банки присутни со свои подружници и филијали во ЦИЈЕ, како и регулаторните власти на повеќе земји од Европа, вклучително и земјите што не се членки на ЕУ. Преку координирани мерки и активности и ефикасна соработка на овие институции, целта на Виенската иницијатива 2 е да ја одржува и да ја зајакнува финансиската стабилност и да обезбеди заштита од системски банкарски кризи во овој дел од Европа.

Изборот на гувернерката Ангеловска-Бежоска, како што наведуваат во соопштението, за член на Надзорниот одбор на Иницијативата е уште една потврда на кредибилитетот којшто го има нашата централна банка во меѓународните стручни кругови.

Ангеловска-Бежоска ќе го искористи своето учество на конференцијата и на форумот на Виенската иницијатива 2 и за поголем број одделни средби со високи претставници на неколку централни банки од Европа и на меѓународните финансиски институции, како и со претставници на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка