САД блокираа состанок на СТО поради Мадуро

Од:

САД денеска го блокираа состанокот на Телото за разрешување спорови на Светската трговска организација (СТО), бидејќи Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одбива да ја признае Владата на претседателот Николас Мадуро во Венецуела.

Американската делегација одби да ја одобри агендата на Телото за разрешување спорови на СТО, кое требаше да разгледа неколку прашања, вклучително и барањето на Венецуела за укинување на американските санкции кон земјата и на мерките против Владата на Мадуро.

Американски дипломат изјави дека СТО не можело на легитимен начин да ја разгледа темата за „нелегитимниот режим“ на Мадуро. Според дипломатот, состанокот е одложен „до натамошно известување“.

– Ако една земја стави точка на дневниот ред на секој состанок, а другата земја одбива да прифати дека таа агенда може да биде предмет на дискусија… тогаш би можело да помине многу време пред тој состанок воопшто да биде одржан, изјави дипломатот.

САД се меѓу 50-ината земји кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Мадуро: Илон Маск е непријател на Венецуела

Путин му ја честиташе победата на Мадуро: Секогаш сте добредојден гостин во Русија

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро