Си Џинпинг во посета на Монако

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска престојуваше во посета на Монако, каде се сретна со принцот Алберт.

Ова е прва посета на еден кинески претседател на Монако, кое има амбиции за зајакнување на трговската и економската соработка со Кина.

Минатата година Монако постигна договор за кинеската компанија „Хуавеј“ за развој на 5Г телекомуникациска мрежа во земјата, за што Вашингтон смета дека „ја отвора вратата“ за шпионирање од страна на безбедносните служби на Кина.

Монако е втора етапа од европската турнеја на Си. Тој претходните три дена престојуваше во Италија, а вечерва ќе замине за францускиот град Ница, каде претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе организира вечера во негова чест.

Си утре отпатува за Париз, каде покрај со Макрон ќе има официјални средби и со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ