Професорот од Правниот факултет, Дејан Мицковиќ, во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“, на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова дали по потпишувањето на контроверзниот протокол за соработка меѓу македонската Влада и „Македонски телеком“, контактирал со тогашниот премиер Владо Бучковски, Мицковиќ рече дека не разговарале за иатрагата со Бучковски.
Но, поранешниот премиер, Бучковски му рекол на Мицковиќ, кој тогаш бил претседател на Упеавниот одбор на „Македонски телеком“, дека случајот е политички монтиран.
„Тој ми кажа дека се работело за политички монтиран случај“, рече Мицковиќ и дополни дека од американските органи му било предочено дека за случајот не треба да разговара со никој освен со официјалните државни органи, но обвинителството во Македонија не го повикало како сведок.
Случајот доби нова димензија по сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоески пред Окружниот суд во Њујорк, кое беше објавено јавно и за првпат во јавноста беа посочени конкретни имиња. Богоески во сведочењето тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Ахмети и Џафери, го тужеа Богоески за клевета и навреда и го добија случајот на суд, но Апелацискиот суд ја укина пресудата и судењето почна од почеток.
Васко Маглешов