Средба меѓу израелски инвеститори и македонски компании – корисници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе се одржи во просториите на Фондот.
На средбата на израелските инвеститори ќе им бидат претставени можностите за инвестиции во земјава, а македонските компании ќе имаат можност за директни средби на кои ќе ги презентираат своите бизнис проекти.
На настанот ќе се обратат Дан Ориан, Амбасадор на Државата Израел и Јован Деспотовски, директор на ФИТР.