Двајца „мајстори“ со два тикети од 20 денари му лапнаа 2,7 милиони на „Sport Life“!

Од:

Двајца играчи ќе инкасираат милионски добивки од „Sport Life“ – Драчево, како резултат на нивната игра во изминатиот викенд.

Оваа мајсторија ја извеле заедно во тим, едниот играч ги наредил натпреварите, а другиот ги уплатил. Се работи за два исти тикета со уплата од по 20 денари, со кои едниот заработил над 1.200.000 денари, а другиот над 1.400.000 денари. Односно вкупно 2.722.384 денари, или 40.000 евра, со уплата од 40 денари.

Иако тикетите се идентични, добивката се разликува поради разликата во уплатата од 33 секунди, кога коефициентот за победа на Аполон Лимасон од 1,38 се намалил на 1,25. Со тоа еден меч помалку е влезен во бонусот што го нудат во „Sport Life“, па за едниот тикет бонусот е 96 отсто, а на другиот е 88 отсто.

Сепак, кога ќе се соберат бонусите од двата тикети, се доаѓа до неверојатна сума од 1.305.934 денари. Тоа е скоро половина од вкупната добивка.

Тактиката на играчите е избор на натпревари со коефициент не поголем од 1,7 и не ретко и двајцата својата среќа ја споделуваат на иста добитна комбинација.

Досега како редовни играчи на „Sport Life“ имале најголема добивка од 76.000 и 20.000 денари, за овој пат рекордот да го надминат и да бидат изненадени со сите зелени натпревари на мобилната апликација.

„Во неделата поактивно ги следевме мечевите, а вистинска драма беше во понеделникот. Останаа три меча, Знојно, Олимпијакос и Хамбургер. Последен беше дуелот на Хамбургер. Бидејќи се работеше за голема добивка, решивме да го „штитиме“, па ставивме 250.000 денари на Х2, но сепак навивавме Хамбургер да победи. Домаќините дадоа гол во 85-тата минута и тоа ни донесе голема радост“, раскажуваат двајцата среќници.

Би можело да ве интересира

Победникот на Типстер купот на „Sport Life“ ги зеде клучевите од станот

Традиционален „JUNIOR DAY” на „SPORT LIFE“

Во Спорт Лајф стартува „До 50 шанси за 100.000 денари“

„Sport Life” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

Ана Ололовска

Нови акции на SPORT LIFE: „Втора шанса за подарок“ и „Лајв експерт“!

Едукација и забава за 200 јуниори на Sport Life

Ана Ололовска