ВИДЕО: Сенаторката МекСали тврди дека била силувана во американската војска

Од:

Американската сенаторка Марта МекСали вчера изјави дека додека служела во американската армија била силувана, но оти случајот не го пријавила бидејќи немала доверба во воениот систем на САД.

МекСали е една од жртвите кои сведочат во судскиот процес за сексуалните скандали во американската војска, а во текот на вчерашното рочиште истакна дека ја силувал офицер на американските военовоздухопловни сили.

– Се обвинувам себе си. Бев посрамотена и збунета и мислев дека сум силна, но останав беспомошна, посочи МекСали.

Републиканската сенаторка ги обвини надредените офицери за злоупотреба на положбата на различни начини.

Таа за време на сведочењето го користеше терминот „сторител“ што имплицира дека е силувана повеќепати.

МекСали две децении беше полковник во американските воени сили и учествуваше во мисии во Саудиска Арабија и во Авганистан.

Таа не е прва сенаторка која годинава открива дека била жртва на силување. И сенаторката Џоуни Ернест во јануари призна дека била силувана додека била на колеџ, а потоа ја злоставувал поранешниот сопруг.

Признанијата уследија по кампањата „И јас“ (#MeToо) која има за цел да ги охрабри жртвите да проговорат за своите тешки искуства.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија