А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележани 15 години од смртта на Борис Трајковски кај Мостар

by А1он26/02/2019 - 14:18287
Share0

Со положување венци пред спомен обележјето кај Мостар денеска е одбележана 15-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, кој заедно со своите соработници и челновите на екипажот загинаа во авионска несреќа при доаѓањето на Меѓународната инвестициска конфренција 2004 година, наведе агенцијата ФЕНА.

Добивај вести на вибер

Венци положија делегации на Владата на Република Северна Македонија, Председателството на БиХ, Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на БиХ, Министерството за надворешни работи на БиХ, Амасадата на Република Северна Македонија и Бих, владите на Хецеговачко-неретванската жупанија, Градот Мостар и Здружението на Македонци во БиХ.

Во име на Владата на Република Северна Македонија се обрати министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу кој истакна дека Трајковски остави голем печат во македонската историја.

-Трајковски беше човек од кој младите политичари можат многу да научат. Тој беше храбар и одлучен човек кој знаеше како во тешки моменти да донесе одлуки што можеа да го чинат политички поени, но одлуки што беа добри и во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна Фазлиу.

Запрашан да ги искоментира двете истраги што во БиХ беа спроведени за авионската несреќа и одредените сомнежи во Северна Македонија за околностите на загинување на претседателот Трајковски, министерот Фазлиу истакна дека сомнежот постои поради тоа што Македонија имаше претседател кој знаеше да донесе храбри одлуки и дека сите знаат дека таквите политичари тие одлуки „неретко ги плаќаат со својот живот.

-Има сомнеж кај македонскиот народ дека врз претседателот Трајковски е извршен атентат, но без докази тоа никој не може да го потврди, рече Фазлиу.

Авионот на Владата на Република Северна Македонија се урна на 26 февруари 2004 година на подрачјето на селото Ротмиње. Покрај Трајковски во него загинаа советниците од неговиот кабинет Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, членови на обезбедувањето Ворис Велинов и Аце Велиновски и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

boris trajkovski

Би можело да ве интересира

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 15:44

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Катерина Ѓуровски26/02/2025 - 07:40

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ19/07/2023 - 12:1319/07/2023 - 13:45

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска26/02/2022 - 14:1926/02/2022 - 14:49

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска26/02/2022 - 11:27

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он27/09/2021 - 17:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен