Директните странски инвестиции во Турција се намалени за 37,9 отсто во 2012 година во споредба со 2011 година.
Според податоци на Централната банка, инвестициите се намалени за 6,087 милијарди долари – од 16 милијарди долари во 2011 година, на 9,9 милијарди долари во 2012 година.
Директните странски инвестиции во 2012 година биле во градежниот, финансискиот, прехранбениот и секторот за осигурување. Во 2012 година најголемите инвестиции во Турција биле направени од држави од Европа – 7,7 милијарди долари.