Турскиот опозициски лидер го обвини премиерот Ердоган за диктаторство

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Претседателот на главната турска опозициона Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, предупреди дека премиерот, Реџеп Таип Ердоган, ја носи Турција кон уставна „катастрофа“, известува Гардијан.

Киличдароглу вели дека премиерот уште од 2003та година се обидува да го смени уставот на Турција за да создаде извршно претседателство.

„На Турција и е потребен нов устав за да ги заштити индивидуалните права. Премиерот е се поавторитетен, за жал. Стравот е насекаде. Никој не може слободно да разговара на телефон. Општеството е под притисок. Универзитетите не можат да се искажат. Синдикатите за труд се целосно замолчани. Медиумите се исплашени“, вели тој.

„Нема еден глас кој не се согласува во неговата партија. Обидот да се создаде извршно претседателство се состои во концентрацијата на моќ. Тоа ќе биде катастрофално за Турција. Тоа ќе ги уништи сите досегашни демократски придобивки на Турција“ додаде Киличдарглоу.

Состанокот за изработка на нов устав се очекува да биде наредниот месец.

Покрај тоа Киличдарглоу истакна дека многу писатели и колумнисти кои се критично настроени кон Ердоган биле отпуштени од работа.

„Кога медиумите не се слободни, луѓето не се слободни. Дали ова е околина во која може да се создаде нов устав, оставам на вас да одлучите“ рече тој за Гардијан.

Истакна дека во Турција има повеќе новинари во затвор, отколку во која било друга држава.

 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски