Припадник на грчката Претседателска гарда, починал синоќа, откако му се слошило и бил пренесен в болница. каде што само била констатирана смрт, соопштија денеска извори од Генералштабот на Армијата на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, причините за смртта на војникот дополнително ќе се утврдуваат, но, според грчките медиуми, 24-годишниот Спиридон Томас вчера бил на стража од 13 до 14 и од 19 до 20 часот, по што се вратил во седиштето на Претседателската гарда и легнал да спие. Кога се разбудил, му се слошило по што бил пренесен в болница, каде само била констатирана неговата смрт.
Кабинетот на грчкиот претседател соопшти дека шефот на државата Прокопис Павлопулос разговарал со семејството на починатиот војник и им изразил сочуство.
Погребот на починатиот Томас ќе биде ибршен со сите воени почести.