Издадени се 292 одобренија за градење во декември лани, или 13,6 проценти повеќе во однос на декември 2017 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите во декември минатата година изнесува 8.519.871.000 денари, за 392,4 проценти повeќе во однос на декември 2017 година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14,4 проценти) за објекти од нискоградба и 78 (26,7 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 292 објекти, на 185 (63,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37.669 метри квадратни. Најмногу станови, 161 ќе се градат во Југозападниот регион, од кои во Струга 98 и во Охрид 58. Во Полошкиот ќе се градат 51 стан, во Југоисточниот 43, во Скопскиот 38, …