Јокиќ со 11-ти „трипл-дабл“, Денвер поразен од Филаделфија

Од:

Екипата на Денвер на гостувањето кај Филаделфија го доживеа третиот последователен пораз со 117: 110, а не им помогна ни одличната игра на Никола Јокиќ, која запиша нов „трипл-дабл“.

Овој пат, Србинот беше најефикасен во својот тим, откако реализираше 27 поени, 10 скока и 10 асистенции, како и три украдени топки. За него ова беше 11-ти ваков учинок во текот на сезоната.

За победникот Џеј Џеј Редик беше најефикасен со 34 поени, Батлер постигна 22, а Џоел Ембид помогна со 15 поени и 12 скокови.

Филаделфија остана петта на Истокот со 35 победи и 20 порази, додека Денвер беше втор на Запад со рекордни 37-18.

Резултати од НБА:

Вашингтон – Кливленд 119:106
Детроит – Њујорк 120:103
Филаделфија – Денвер 117: 110
Бруклин – Чикаго 106:125
Далас – Милвоки 107:122
Феникс – Голден Стејт 107:117
Њу Орлеанс – Минесота 122:117
Сакраменто – Мајами 102:96.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА

(ВИДЕО) Неверојтна снимка: Пилот со секира крши на аеродромот во Денвер

На парадата во Денвер: Камион прегази полицаец, повредениот итно е пренесен во болница

Горан Наумовски

Денвер без Јокиќ победи во Далас, Кари и Томпсон го декласираа Хјустон

ВИДЕО: Најмалку 12 повредени во Филаделфија, повеќе напаѓачи испукале над 40 куршуми

Катерина Ѓуровски

Во САД отпор против враќање или продолжување на режимот на носење маски

А1он