Во 2023 година бројот на населението во Турција се предвидува дека ќе надмине 84 милиони луѓе, јави БТА.
Според прогнозите на Турскиот статистички институ, во 2050 година се очекува населението во Турција да биде 93,5 милиони луѓе, а потоа да почне да се намалува, при што во 2075 година се предвидува дека бројот на турски граѓани ќе изнесува 89 милиони.
Во моментот бројот на населението во Турција е 75,6 милиони лица.
Населението во најголемиот турски град Истанбул во 2023 година се предвидува да достигне 16,6 милиони лица. Во моментот во Истанбул живеат 13,8 милиони лица.