Синоќа непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во стан кој се наоѓа на улица „Вич“ во Скопје, во кој како подстанар живее В.К.(36) и извршил тешка кражба, одземајќи лап-топ компјутер, дигитална камера, шест рачни часовници, 54.000 денари, 500 евра, сребрен накит и бижутерија, очила за сонце и документи, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.
Се преземаат мерки за отркривање на сторителот.