(ВИДЕО) Бошњаковски: За отстранувањето на оградата нема да се трошат пари од граѓаните

Од:

За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните. За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните. Бетонските столбови во моментот нема да се отстрануваат бидејќи, како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу, а Владата нема намера да троши дополнителни пари за да ги исправи грешките на минатата власт.

„Владата го исполнува ветеното. Го промовираме концептот на отворена влада. Зградата на Владата и просторот околу неа се во владение на граѓаните на Република Македонија“, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција на која заедно со неговиот колега Муамет Хоџа информираат за одлуките донесени на вчерашната владина седница.

Би можело да ве интересира

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина