Пентагон ќе испрати речиси 4.000 војници на границата со Мексико

Од:

Пентагон има намера да испрати 3.750 војници на границата со Мексико, како засилување на веќе распоредените сили кои им помагаат на граничните и царински служби на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Армиските служби ќе бидат распоредени на југозападната граница со рок на служба од три месеци.

По реализацијата на ова засилување, вкупниот број на војници на американската армија на границата со Мексико ќе изнесува 4.350 луѓе.

Претходно, Министерството за одбрана на САД одлучи да ја продолжи службата на веќе разместените војници на границата со Мексико до 30 септември 2019 година.

Според Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, војниците се потребни да ја сузбијат кризата со нелегални имигранти од Јужна Америка.

Трамп не ја исклучува можноста и за воведување на вонредна состојба во земјата, доколку Конгресот не одобри средства за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Во тој случај, претседателот би имал дискрециско право за вонредно користење на средства за изградба на ѕидот.

Демократите, од своја страна, се категорично против изградба на ѕид на јужната граница.

Би можело да ве интересира

Тимот на Трамп сoставува црната листа

Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат против Украина

А1он

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

САД: Уапсен вработен во Пентагон со доверливи, тајни документи

Горан Наумовски

Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Горан Наумовски

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски