Јапонија е можната следна дестинација за Робен

Од:

Уште еден фудбалер на Баерн Минхен е на пат да замине за Далечниот Исток. Откако вчера стана јасно дека напаѓачот Сандро Вагнер е пред потпис со кинески клуб, денеска излезе интересна информација за ветеранот Ариен Робен.

Холанѓанецот веќе објави наесен дека ја игра својата последна сезона на стадионот „Алијанц Арена“, но досега се сметаше дека Интер и ПСВ Ајндховен се фаворити за неговиот потпис.

Весникот „Спорт Нипон“ известува дека Робен во следниов период може да потпише со ФК Токио. Силен интерес за крилото има од неколку јапонски клубови.

Таткото на Ариен кој е и негов агент, ги утврди гласините како „глупости“. Според медиумите во Германија сепак крилото на Баерн нема ништо против да заигра во Јапонија, каде што веќе настапуваат големи имиња на светскиот фудбал, како Андрес Иниеста, Фернандо Торес, Давид Виља и Лукас Подолски.

Би можело да ве интересира

Јапонија се откажа од организација на светското клупско првенство во фудбал

Ана Ололовска

Иниеста го продолжи договорот со Висел Коби до 2023 година

Ана Ололовска

Иниеста со гол го однесе својот тим во финалето на јапонскиот куп

Хонда е очаен: Зошто никој не ме сака?

Вермален заминува во Јапонија

Ана Ололовска

Робен: Можеби никогаш повеќе нема да го облечам дресот на Баерн