Инциденти пред домот на пратеничка на СИРИЗА во Катерини

Од:

Група демонстранти доцна синоќа се судрија со полицијата пред домот на пратеничката на СИРИЗА, Бети Скуфа во грчкиот град Катерини.

До инцидентите, според локалните медиуми, дошло кога групата, за време на протестот во центарот на градот, се обидела да стигне до домот на Скуфа, но била спречена од полицијата.

Демонстрантите за да го пробијат полицискиот кордон фрлале молотови коктели и камења, а полицијата одговорила со солзавец и привела 10 лица.

Слични инциденти пред домот на пратеничката се случија и во четвртокот вечерта, а полицијата уапси шест лица, меѓу кои две малолетни.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он