Џафери: Убавината на празничниот дух да ви ги облагороди мислите и делата

Од:

Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери упати честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици до сите православни верници кои денес го празнуваат. Тој им посака добро здравје, мир и спокој во домот и во душата, личен и колективен економски напредок и благосостојба.

„Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата, а пораките на взаемна почит, соживот и солидарност нека течат јасно и брзо како вода на сите страни, продирајќи во сите пори на општественото живеење, влевајќи сила и верба дека заедно можеме да негуваме вистински човечки вредности и сакаме да градиме вистински демократска правна држава во која правата и слободата на граѓаните ќе бидат пред сѐ и над сѐ еднакви за сите, без оглед на етничката, верската или каква било припадност.

Токму во таа разноликост е и сета убавина и богатство на мултиетничките и мултиконфесионалните општества. Да бидеме горди на тоа, да бидеме пример во светот и регионот за тоа.

Почитувани граѓани, нека е честит и за многу години празникот!“, стои во честитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он