ВМРО-ДПМНЕ: Нема инвеститори, само празни најави од СДСМ дека откако се смени името ќе имало навалица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„СДСМ ја урниса економијата донесе сиромаштија и иселување на младите од земјата. Економскиот раст на земјава е најнизок во регионот во период кога светската економија е во својот подем.

СДСМ ветуваше раст од 5 % годишно, сега две години откако управуваат со државата, растот е околу нула. Според годишниот извештај Global Prospects на Светска Банка го проектира растот на економијата на само 3,3 % до 2021, а не 5 % како што лажеше СДСМ.

Граѓаните се се посиромашни. Нема просечна плата од 500 евра, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема 600 километри автопати, ниту поврат на ДДВ од 15% за граѓаните.

Инвеститори нема, туку само празни најави на СДСМ дека сега откако се смени името на земјата ќе имало навалица на странски инвеститори. Го нема ниту Гугл, ниту Мајкрософт.

Оваа Влада ја урниса државата по сите основи независно судството скоро и да нема додека корупцијата цвета. Ова го покажува меѓународниот индекс на транспарентност според кој перцепцијата за корумпираност во државава е највисок во регионот. Се што било градено со години СДСМ го сруши за две години. Само системот едно евро за Вицето функционира беспрекорно и криминалните тендери и сомнителни набавки за кои има скандали скоро секој ден.

СДСМ мора да си оди од власт што поскоро, ова агонија мора да престане. Бесрамното лажење и купи ден продај политика не може да биде основа за градење на здравно општество и силни институции. Македонија мора да биде ослободена од оваа темнина. Граѓаните заслужуваат подобро утре и подобар живот а тоа единствено ќе се случи кога СДСМ ќе си замине од власт“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски