Стоилковска дел од фјучрс турнирот во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира на главниот турнир од фјучрсот во Анталија што се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Стоилковска во двете квалификациски кола ги победи Ксинјиу Цаи од Кина со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1 во гемови) и Викторија Глотова од Русија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:3).

Во првото коло од турнирот таа ќе игра против Пиа Суомалаинен од Финска, додека во игра на двојки заедно со Ева Кајевиќ од Хрватска ќе играат против Мелани Кривој од Аргентина и Ноелиа Зебалос од Боливија.

Би можело да ве интересира

Стоилковска елиминирана во првото коло на фјучрсот во Унгарија

Наум Локоски

Столиковска се избори за настап на главниот турнир на фјучрсот во Унгарија

Наум Локоски