Жители погодени од земјотресот: Мислевме дека е апокалипса

Од:

Жителите на некои од градовите погодени од денешните земјотреси во Турција изјавија дека чувствуваат шок и страв по силните земјотреси.

Тулин Акаја, која живее во Дијарбакир, на околу 450 километри источно од местото каде што се случија земјотресите, рече дека сè уште се обидувала да се собере по првиот земјотрес кога се случил вториот.

„Многу сум исплашена. Бев многу исплашена бидејќи живеам на последниот кат“, изјави таа за новинската агенција АФП. „Излеговме во паника. Сега не можам да се вратам во станот – не знам што ќе се случи следно“.

Епицентарот на првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени бил во близина на градот Газиантеп, додека вториот со јачина од 7,5 степени бил на околу 128 километри северно, во провинцијата Кахраманмарас.

Мелиса Салман, која живее во Кахраманмарас, рече дека живеењето во зона на земјотреси значи дека е навикната „да се потресува“, но дека денеска „прв пат доживеале вакво нешто“. „Мислевме дека тоа е апокалипса“, рече таа.

Халис Актемур, друг жител на Дијарбакир, беше меѓу првите кои пристигнаа на местото на настанот по уривањето на првата голема зграда во градот и им се придружи на другите во извлекувањето на преживеаните од урнатините.

„Успеавме да спасиме три лица, но двајца беа мртви“, рече тој. „По вториот земјотрес не можам да одам никаде, мислам дека повторно ќе им треба мојата помош“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција