Жесток руски напад на истокот на Украина: 11 загинати, безмалку половина се деца

Од:

Најмалку 11 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа во руското гранатирање на делот на источниот регион Доњецк кој е под контрола на Украина, соопштија украинските власти. Осуммина се повредени во нападите на областа Покровск, објави на Телеграм воениот гувернер на регионот, Вадим Филашкин.

Руските сили ја гранатираа областа користејќи пренаменети противвоздушни ракети С-300, додаде тој. Градовите Покровск и блискиот Ривне беа погодени со проектили. Според Филашкин, еден проектил ја погодил куќата на шестчлено семејство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата на жртвите. Спасувачките операции ќе продолжат, а на повредените ќе им биде укажана помош, додаде тој.

Зеленски ја обвини Русија дека повторно намерно гаѓа цивилни објекти.

„И Русија мора да чувствува – секој пат да чувствува – дека ниту еден од овие напади нема да заврши без последици за терористичката држава“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Наскоро нова средба меѓу претставници на Украина и Русија