Земјотрес во Неапол – најсилен во последните 40 години

Од:

Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во 12:47 часот во Италија. Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од пет километри и на 16 километри од Неапол.

Магнитудата од 4,6 е најголемата регистрирана во последните 40 години во областа, надминувајќи ја онаа што се случи во ноќта на 13 март, која беше 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Кориере дел Мецоџорно објави дека нема извештаи за сериозни штети на имот или повредени.

Околу 15:00 часот, Градот Неапол објави дека „не се регистрирани критични ситуации во градското подрачје“.

Градоначалникот на Поцуоли, Луиџи Манцони, беше меѓу првите што реагираа по силниот земјотрес.

„Земјотресот што го почувствувавме беше силен, но досега не е пријавена никаква штета“, објави тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол