Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во јужната турска провинција Адана, соопшти Канцеларијата за елиминација на последиците од природни катастрофи (АФАД).
Според РИА, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу седум километри.
Претходно оваа недела земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Адијаман, јави Танјуг.
Речиси 60.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес од 7,8 степени што на 6 февруари ги погоди јужна Турција и северозападна Сирија, а оттогаш речиси секој ден се забележуваат послаби потреси во областа.