Зеленски подготвува голема чистка – на удар се моќни функционери

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека се подготвуваат кадровски одлуки со цел зајакнување на украинската одбрана на најинтензивните делови од фронтот, откако слушнал извештај за состојбата на бојното поле.

„Министерот за одбрана ме информираше за заштитата на нашите градови, заедници и логистиката на линијата на фронтот од руските дронови. Неопходно е да се насочат повеќе ресурси кон овие напори. Заедно со главнокомандувачкиот на Вооружените сили на Украина, утврдивме кои дополнителни организациски чекори можат да ја зајакнат нашата одбрана на најинтензивните делови од фронтот. Наложив подготовка на кадровски одлуки предложени од главнокомандувачкиот“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој наведе дека за време на состанокот детално се разговараше за ситуацијата во регионот Доњецк, вклучително и за состојбата во Константиновка, како и во правец на Славјанск и Покровск.

„Располагаме со ажурирани информации за целите на руската армија во тие области и подготвуваме контрамерки. Им благодарам на сите наши единици кои навистина ги држат своите позиции и вешто ги користат потребните видови беспилотни летала“, рече украинскиот претседател.

Според Зеленски, на состанокот се разговараше и за текот на операциите на Украина со долг дострел во текот на првата половина од август.

Конкретно, беа потврдени приоритетите за операции со удари на голема оддалеченост во наредните недели и во текот на септември.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната