Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, и можеби од Кина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши“ само од Трамп.

„Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него и, можеби, од Кина“ – напиша Зеленски на X.

Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон изминатиот викенд во Париз, со кои разговараше за руската инвазија.

Само решителност може да ја доведе оваа војна до крај и да обезбеди долготраен мир, рече Зеленски.

Toj додаде дека Америка има капацитет да прави извонредни работи што другите не успеале да ги направат.

„За успешно завршување на оваа војна ни треба единство на Америка, Европа и сите во светот кои ја ценат безбедноста, силните позиции и гаранциите за мир“ – рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Врв на ароганцијата, Зеленски пцуе пред Трамп

А1он

Реакции на европските лидери по средбата Трамп-Зеленски: Украина не е сама

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Зеленски: Не направивме ништо лошо, не му должам извинување на Трамп

А1он

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците