Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Од:

Новата влада во Мјанмар, која по апсолутната победа на изборите лани во ноември ќе ја преземе власта во март ќе има основна задача да го заврши мировниот процес во државата во која над 50 години племињата водат герилска борба за автономија и етничка рамноправност. Ова го најави лидерот на победничката Национална Лига за Демократија Аунг Сн Су Ќи, најзаслужната за победата на партијата која треба да ја врати демократијата во Мјанмар, поранешна Бурма.

Договор за мир сегашните власти потпишаа во октомври 2.015, но од 15 племиња и етнички групи кои се во војна со армијата, само седум племиња пристапија кон договорот. Потпис не ставија претставниците на поголемите племиња, меѓу кои и најголемото, Рохингја, со над милион припадници.

Аунг Сан Су Ќи, во првото овогодишно обраќање до нацијата изјави дека без мир во целата држава не ќе можат да се остварат програмата и целите за преобразба. Таа се надева дека во тој процес ќе помогнат и делегираните пратеници од страна на армијата, кои автоматски имаат 80 места во Парламентот.

Новата рунда преговори со бунтовничките племиња, кои овој пат ќе ги координира претставник на Националната Лига за Демократија, се закажани за 12 јануари.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Поплави во Мјанмар, најмалку 10 загинати

Емир Латифовиќ