Заложничка драма: Полицијата упадна во кафулето во Сиднеј

Од:

Австралиски полицајци упаднаа во кафуле во Сиднеј, каде маж повеќе од 16 часа држеше под заложништво непознат број вработени и гости во локалот, јави ДПА.

Полицијата употреби флеш-бомби за упад во кафулето, објави Си-Ен-Ен, додека според австалиската телевизија Еј-Би-Си во акцијата е застрелано најмалку едно лице.

Судбината на заложниците и киднаперот засега е непозната. Киднаперот претходно беше идeнтификуван како ирански бегалец Ман Харон Монис.

Германската агенција ДПА соопшти дека околу една минута по пукотницата, изнесени се четири носилки, најверојатно со повредени лица.

Истата агенција соопштува и дека во операцијата бил користен робот, за демонтирање бомби.

Стотина полицајци, вклучителни и снајперисти го опколија кафулето-продавница за чоколади „Линд“ во центарот на Сиднеј.

Киднаперот, претходно, предупреди дека во кафулето се поставени две бомби, а во центарот на градот уште две, а побарал и да му биде доставено знаме на Исламската држава и да разговара со австралискиот премиер Тони Абот.

Компанијата „Линт“ во чија сопственост е кафулето, соопшти дека најверојатно во објектот се наоѓаат десет вработени и 30 гости.

Според локалните медиуми досега шест лице истрчале од кафулето. Најпрво излегле тројца мажи, речиси шест часа од почетокот на кризата, а околу еден час подоцна и три жени. Засега не е познато дали тие успеале да избегаат или нив ги ослободил напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузираше царините за Мексико