Русија мора да ја брани својата независност и нема време да чека Западот да ја разбуди својата совест, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Немаме време за чекање. Ќе се вразумат ли, ќе им се разбуди совеста? Каква совест можат да имаат оние кои прецизно снабдуваат оружје со кое се убиваат деца? – рече Захарова.
Таа истакна дека тоа се историски проблеми на Западот со кои Западот ќе мора да живее и да плати и дека Русија има свој начин, пренесува РИА Новости.