ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Татко ја држи за рака својата мртва ќерка заглавена под урнатините во Турција

Од:

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.200, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Спасувачите се во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.

Покрај последователните потреси, спасувачите имаат голема борба и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреди.

Една од најшокантните фотографии доаѓа од разурнатиот, од земјотресот, град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините. Не е можно да се извлече.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција