Во САД се убиени демократска политичарка и нејзиниот сопруг – ги ликвидираше маж преправен во полицаец

Од:

Претставничката од Минесота, Мелиса Хортман (55), и нејзиниот сопруг беа убиени, а сенаторот од Минесота, Џон Хофман, и неговата сопруга беа сериозно ранети рано во саботата, во она што властите го оценија како „политички мотивиран напад“, кога маж преправен во полицаец отвори оган пред нивните домови.

Мелиса и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени во нивниот дом во Бруклин Парк кратко по 2 часот наутро.

Пред да ги нападне Хортманови, вооружениот напаѓач ги таргетираше сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга Ивет во нивниот дом во Шамплејн, оддалечен околу 5 милји.

Хортманови беа убиени, додека Хофманови беа итно однесени на операција и се во стабилна состојба, беше објавено на прес-конференцијата.

Поради ужасната трагедија, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп!

„Известен сум за ужасното пукање што се случи во Минесота, кое се чини дека е насочен напад врз државните пратеници“, рече Трамп во соопштението.

„Такво ужасно насилство нема да се толерира во Соединетите Американски Држави“, рече американскиот претседател.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги нарече нападите „неопислива трагедија“ и рече дека инцидентот „се чини дека е политички мотивирано убиство“.

Осомничениот останува на слобода, иако полицијата била контактирана по убиството на Хортманови, изјави началникот на полицијата во Бруклин Парк, Марк Брули.

Полициските службеници пристигнале во домот на Мелиса Хортман додека други го истражувале пукањето во домот на Хофманови, и тогаш забележале автомобил со ротирачки светла што изгледал како полициски теренец.

„Кога стигнаа до куќата на Мелиса, видоа возило со полициски светла паркирано на влезот и лице во униформа како излегува од куќата, наликувајќи на полицаец“, рече Брули, додавајќи дека осомничениот носел елек, значка и друга опрема.

„Кога нашите полицајци се обиделе да го сопрат, тој веднаш пукал кон нив. Имало размена на оган, а потоа осомничениот се повлекол назад во куќата.“

„Не бил вистински полицаец. Тоа бил некој што јасно се претставувал како полицаец и ја искористил довербата што луѓето ја имаат во нивната униформа и значка за да влезе во куќа“ информираат надлежните.

Во размената на оган, осомничениот успеал да избега пеш.

Марк Хортман бил сè уште жив кога полицајците влегле во домот, но починал додека добивал итна медицинска помош.

Мелиса Хортман била прогласена за мртва на местото на настанот.

Во меѓувреме, службите за итни случаи ги пренеле Хофманови во блиската болница.

Тие биле погодени од повеќе куршуми, но го преживеале нападот.

Во тек е потрага по осомничениот, кој последен пат бил виден облечен во црн панцир, сина кошула и сини панталони.

Би можело да ве интересира

Уапсен е осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

Злосторство во семеен дом во Чачак – пронајдени три безживотни тела

А1он

Трагедија во Меѓумурје: Ја уби невенчана сопруга, па ја застрела нејзината сестра, полицијата трага по осомничениот

Горан Наумовски

Внук ги уби баба му и дедо му, па избега

А1он

Двојно убиство во Цетиње – ликвидирани членови на Шкаљарскиот клан

А1он

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски