Во Литванија карантинот прдолжен до 17 декември

Од:

Литванската Влада во заминување го продолжи карантинот поради пандемијата на коронавирусот до 17 декември, кога се очекува новата влада да ја преземе должноста, затоа што бројот на нови случаи продолжува да расте.

Според Владата, рестриктивните мерки го стабилизираа бројот на новозаразени на околу 11.000 неделно, двојно повеќе отколку во неделата до 4 ноември, кога беше воведена тринеделно „заклучување“.

– Ширењето на вирусот некако забави, но ситуацијата останува многу сериозна, изјави министерот за здравство Аурелиу Верига на владина седница.

Според последните податоци, во Литванија се регистрирани речиси 2.300 новозаразени и 23 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Ковид сертификатот задолжителен за литванските пратеници