Во Кина се откажуваат летови поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19

Од:

Голем број аеродроми во Кина ги откажуваат летовите поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19, објави денеска кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Во јужната кинеска метропола Гуангжу, во која има најголем број на заразени лица откажани се над 1.000 летови, а од двата аеродрома во Пекинг откажани се повеќе од 700 летови.

И покрај кинеската политиката нулта толеранција на коронавирусот, што негативно влијаеше врз нејзината економија, бројот на инфекции низ Кина повторно се зголемува со недели.

Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека за еден ден се регистрирани околу 8.800 заразени луѓе на национално ниво. Изминатите денови се зголемува бројот на инфицирани со Ковид-19 во поголемите градови Гуангжу, Пекинг, Шангај и Чонгкинг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Ерфинити“: Во Кина дневниот број на заразени лица со Ковид-19 неделава може да се искачи на 3,7 милиони луѓе

А1он

Кина ја укинува апликацијата за следење луѓе – уште еден чекор во олеснување на мерките против ковид

А1он

Рестрикции за шест милиони жители на кинескиот град Џенгџу поради коронавирусот

А1он

Во Кина регистрирани најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци

А1он