Во Кина регистрирани најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци

Од:

Кина денеска пријави најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци и покрај повеќекратните заклучувања, што влијаат врз економијата и секојдневниот живот.

Министерството за здравство соопшти дека денеска на локално ниво се забележени речиси 5.500 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Голем број од заразените се во јужната провинција Гуангдонг.

Во централната провинција Женгжу и натаму е затворена најголемата фабрика за Ајфон во светот. Компанијата најави доцнење на испораките поради значително намалениот капацитет во фабриката.

Кинеските здравствени власти и викендов го повторија претходно изнесениот став дека останува на сила политиката на нулта толеранција за Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Ерфинити“: Во Кина дневниот број на заразени лица со Ковид-19 неделава може да се искачи на 3,7 милиони луѓе

А1он

Кина ја укинува апликацијата за следење луѓе – уште еден чекор во олеснување на мерките против ковид

А1он

Рестрикции за шест милиони жители на кинескиот град Џенгџу поради коронавирусот

А1он

Во Кина се откажуваат летови поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19

А1он