Во Данска зголемен бројот заразени со британскиот вид коронавирус

Од:

Во Данска е регистриран пораст на случаите на коронавирус кои ја содржат поинтензивната британска варијанта, и покрај падот на вкупниот број случаи, објавија денеска данските здравствени власти.

Данска воведе строги мерки за „заклучување“ во средината на декември во обид да го спречи зголемувањето на бројот на заразени, а особено ширењето на позаразната варијанта, која се очекува да биде доминантна до средината на февруари.

Од средината на ноември, во Данска се регистрирани 1.116 инфекции со новата британска варијанта.

Во четвртата недела од јануари, 16,5 проценти од сите позитивни на коронавирус имале мутирана варијанта, во споредба со првата недела од јануари кога бројот бил само четири проценти.

Во Данска, сепак, паѓа вкупниот број новозаразени, така што во споредба со неколку илјади заразени дневно во декември, во последните 24 часа се регистрирани само 425 случаи.

Данска ублажи некои ограничувања во понеделникот, отворајќи ги училиштата за најмалите ученици.

Би можело да ве интересира

Четири нордиски држави ги укинуваат сите мерки

Данска планира да ги укине сите ковид-мерки до февруари

Данска ги заострува рестриктивните анти-ковид мерки

Данска укинува дел од рестриктивните мерки

Катерина Ѓуровски

Данска ќе ги олабави мерките кога сите над 50 години ќе бидат вакцинирани

Британската мутација на коронавирусот потврдена во повеќе од една четвртина од тестовите во Данска