Во Аргентина за најбогатите воведен ковид данок

Од:

Во Аргентина од денеска стапува на сила одлука за воведување еднократен данок за најбогатите луѓе за да и се помогне на државата да плаќа медицински материјали и да обезбеди стимулации за компаниите кои се во криза поради пандемијата со Ковид-19.

Аргентинците со имот од над 2,3 милиони долари, а се проценува дека ги има околу 12.000, ќе треба да платат сума од околу три проценти за пријавениот имот во земјата и над пет проценти за имотот што го имаат во странство.

Владата се надева дека на овој начин ќе собере околу три милијарди долари, а парите ќе помогнат и за финансирање стипендии и социјална помош.

Аргентинскиот Сенат во декември, со 42 гласа „за“ и 26 „против“, донесе одлука за еднократен данок, наречен „данок на милионери“, како дел од мерките за справување со пандемијата.

Опозицијата ја критикуваше мерката на аргентинските власти, оценувајќи ја како „конфискација“.

Би можело да ве интересира

Аргентина воведе еднократен данок на богатство поради Ковид-19