Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на источниот турски град Малатија, соопшти Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД).
На веб-страницата на АФАД е наведено дека земјотресот е регистриран во 10.46 часот по локално време, со епицентар во областа Кале во Малатја. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10,07 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.