На Сејшели е прогласена вонредна состојба по големата експлозија во индустриска зона на главниот остров Махе. По експлозијата, градот бил поплавен, а претседателот на Сејшелите, Вавел Рамкалаван, им наредил на сите граѓани да останат дома.
Let’s pray for Seychelles 🇸🇨 pic.twitter.com/nVPQHzCoPP
— Uri Florentine (@Uri_florentine) December 7, 2023
Неколку лица се повредени. Експлозијата се случила во градежна компанија каде што се чувале експлозиви, а зад себе оставила трага на уништување во индустриската зона Провиденс, пишува Би-Би-Си.
Оштетен е и меѓународниот аеродром, иако е оддалечен четири километри од местото на експлозијата. Училиштата се затворени и единственото дозволено движење е влез и излез од островот за одмор.