ВИДЕО: Во пожар во зграда во Кина десет лица загинаа, граѓаните ги обвинија мерките против Ковид

Од:

Десет лица загинаа, а девет се повредени откако избувна пожар во станбена зграда во западната кинеска провинција Ксинџијанг, каде строгите ограничувања се во сила повеќе од три месеци поради пандемијата „Ковид-19“.

Пожарот избувнал вчера вечерта на 15-ти кат од станбена зграда во Урумчи, главниот град на Ксинџијанг, а подоцна се проширил на два ката погоре. Причина е дефект на дистрибутер во спална соба на стан. Пожарникарите го изгаснале пожарот околу три часа подоцна, а властите соопштија дека жртвите починале од вдишување токсичен чад.

Коментарите на граѓаните

По пожарот, многу граѓани на кинеските социјални мрежи се прашуваа дали мерките воведени поради пандемијата ја забавиле спасувачката операција и дали им го отежнуваат бегството на станарите од зградата, пишува Њујорк Тајмс.

Поголемиот дел од провинцијата Ксинџијанг, дом на 25 милиони луѓе, е под карантин повеќе од 100 дена. Поради строгите ограничувања, многу жители имаа проблеми со набавка на храна и лекови. Државните медиуми јавуваат дека населбата каде што избувна пожарот е област со „низок ризик“, што значи дека на граѓаните им било дозволено да ги напуштат своите домови под услов да избегнуваат места каде што се собираат голем број луѓе.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку 15 мртви во пожар кој избувна во огромна зграда во Кина

Горан Наумовски