(ВИДЕО) Тепачка во турскиот парламент, се судрија претставниците на Ердоган и опозицијата

Од:

На седницата на турскиот парламент дошло до тепачка, јавува Канал 8. Седницата што ја иницираа пратениците од опозицијата брзо се претвори во хаос и физички пресметки по изјавите на пратеникот на Лабуристичката партија (ТИП), Ахмет Сик, насочени против владејачката АК партија на претседателот Реџеп Ердоган.

Тензиите ескалираа речиси во моментот кога Сик зеде збор, што предизвика жестока реакција, која набрзо прерасна во тепачка.

Потпретседателот на парламентот Бекир Боздаг беше принуден да ја прекине седницата на 15 минути за да се воспостави ред.

Би можело да ве интересира

Турција се согласи за влез на Финска во НАТО, продолжува да ја блокира Шведска

(ВИДЕО) Пратеник од опозицијата хоспитализиран по тепачка во турскиот Парламент

Горан Наумовски