Британската телевизија Скај њуз објави видео од уривање на зграда по разорниот земјотрес во Турција. На видеото се гледа како околу зградата се насобрани многу граѓани, и во еден момент големиот објект се урива.
Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци, а спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урнатините.
Најмалку 3.419 луѓе загинаа во Турција и 1.602 во делови на Сирија под контрола на владата и бунтовниците, со што вкупниот број достигна најмалку 5.021, соопштија официјални лица и медицински извори.