(ВИДЕО) Снимки од престрелката во Северна Каролина, убиени се четворица полицајци

Од:

Четворица полицајци загинаа, а четворица се повредени во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина, во која загина и сторителот, соопшти локалната полиција.

Началникот на полицијата во Шарлот-Мекленбург, Џони Џенингс, на прес-конференција рече дека тројцата убиени полицајци се членови на американската оперативна група за бегалци, која ја сочинуваат полицајци од различни агенции. Четвртиот полицаец е Џошуа Ајер, кој служеше во одделот Шарлот-Мекленбург шест години, потврди Џенингс.

„Денес е трагичен ден за градот Шарлот и за полицијата“, рече Џенингс. „Изгубивме херои кои само сакаа да ја заштитат нашата заедница.

Полицајците биле убиени додека требало да извршат потерница за апсење на осуден криминалец. Тие стигнале до куќата каде што бил осомничениот и тој почнал да пука во нив, изјави Џенингс. Тие возвратиле и осомничениот бил убиен во дворот пред куќата.

Полицајците потоа почнале да пукаат внатре во куќата. По тензична ситуација, специјалците ја пребарале куќата и ги привеле двете лица кои биле внатре. Се верува дека најмалку еден од нив пукал кон полицијата, рече Џенингс.

Покрај четворицата убиени, Џенингс рече дека биле застрелани и четворица полицајци од Шарлот-Мекленбург кои биле на местото на злосторството. Еден е во критична состојба, додека тројца се стабилни.

Американскиот претседател Бајден е информиран за инцидентот и разговарал со гувернерот на Северна Каролина Рој Купер, соопшти Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Многу патишта во областа беа затворени за да се олесни движењето на службите за итни случаи. Полицијата ги извести граѓаните дека еден осомничен е пронајден мртов и дека повеќе нема никаква опасност за граѓаните. Второто лице кое пукало кон полицајците е уапсено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петмина убиени во главниот град на Северна Каролина, уапсен е вооружениот напаѓач

Горан Наумовски