Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што го погоди јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300. Земјотресите оставија зад себе илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови се срамнети со земја. Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.
Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона. Тешко погодени се и Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије и Килис.
Целосно срамнети со земја се и градови во Сирија. Повеќе од 4,5 милиони луѓе живеат во областа погодена од земјотресот и претходно тешко уништена од војната. Провинцијата Идлиб е најтешко погодена.
„Отпрвин мислев дека хеликоптери фрлаат бомби. Се разбудив и отидов да го земам мојот син“, рече Исмаил Алабдула (36), спасувачки волонтер од Белата кацига од селото Сармада.
„Ние сме навикнати да извлекуваме луѓе од урнатините, но ова е поинаку. Толку многу луѓе се уште се заглавени и ќе умрат бидејќи немаме доволно опрема за да стигнеме до сите нив. Ништо не остана, ништо воопшто”, вели Сармада.